Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Брегалница Делчево ги започна подготовките

Сподели
Сподели

Третолигашот Брегалница од Делчево со првиот собир и првиот тренинг означи старт на летните подготовки за новата сезона во Трета лига – Исток.

Поранешниот прволигаш на градскиот стадион во Делчево го имаше првиот тренинг, а во новата сезона ќе тимот ќе влезе со освежен ростер и подигнат квалитет, а сигурно е дека Брегалница ќе атакува одново на висок пласман и ќе води борба за првото место.

Како што веќе објави Спортска Мрежа делчевска Брегалница досега се засили со голманот Лазе Гицев, напаѓачот Драган Стоиловски, со повратникот Томи Станоевски и со младиот Марио Илиевски кој е прекомандуван од младинскиот во сениорскиот тим.

Новата сезона во Трета лига – Исток започнува на 7 септември, а во следниот период ќе се одржи ждрепката за утврдување на распоредот за новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!