Останато

Марко Алексовски без загубен сет на стартот на турнир во Барселона!

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски со убедлив старт го отвори настапот на турнирот во Шпанија за играчи до 14 години од категорија 1. На турнирот во Барселона, Алексовски во првото коло славеше со 2-0 во сетови (6-1, 6-0) против израелскиот претставник Бен Висел.

Во следната рунда, тој ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу домашниот тенисер Алваро Мартин и Словакот Мартин Адамца.

За Алексовски ова е трет турнир по ред во рамки на неговата европска турнеја. Минатата недела тој го заврши настапот како полуфиналист на турнирот во Белгија, а по Барселона го очекува уште еден турнир од категорија 1 во Шпанија.

Алексовски е дел од тимот на ITF–Tennis Europe, проект поддржан и финансиран од Grand Slam Development Fund, чија цел е развој на млади талентирани тенисери.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!