Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев, заедно со тенисерот од Чешка Матиас Скрлик, се пласираа во финалето на Neocom Open 2025 – турнир за тенисери до 18 години што се играше во Скопје. Во решавачкиот меч, поуспешни од нив беа српските тенисери Вук Пантиќ Црнчевиќ и Павле Стоилјковиќ, кои славеа со 2-1 во сетови (7-6(3), 2-6, 10-8).
Кај девојчињата, во поединечна конкуренција, македонската тенисерка Сара Митевска стигна до полуфиналето, каде беше поразена од Лидија Панајотиду од Грција со 2-0 во сетови.
Од денеска, на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопјезапочна нов турнир од рангот J60 – Југ Опен 2025.