Турнири

ВИДЕО: Фенербахче го декласираше Галатасарај во Дебреште, Пилана Жарко со сигурна победа!

Сподели
Сподели

Вечерва во прилепско Дебреште се одиграа четвртфиналните натпревари на меморијалниот турнир „Алмир Ибески Алмо 2025“, каде одново пеналите беа тие кои одлучуваат патници за пласман во полуфиналето.

Во првиот меч доминантна победа на Фенербахче од 6:1 над Галатасарај каде имаше голема разлика во квалитет, па така екипата на Фенербахче обезбеди лесно место во полуфиналето.

Во вториот четвртфинален натпревар екипата на Твинекс со 2:1 го доби Фасада Чајник, тесна победа во израмнет дерби меч но доволно за пласман во полуфиналето.

Екипите на Озан Ајаз и Центар Бела Црква одиграа 1:1 во регуларниот дел, а потоа во пенал серијата екипата на Центар Бела Црква беше подобра со 0:2.

Во последниот натпревар до четвртфиналната вечер екипата на Пилана Жарко со 3:1 го доби составот на Имран Транс и така патува во полуфиналето.

И вечерва како и во претходните публиката беше во голем број и даваше силна поддршка за екипите.

Утре вечер на програмата се полуфиналните натпревари. Од 20:30 часот Твинекс оди на мегдан со Центар Бела Црква, а пак еден час подоцна односно од 21:30 Фенебахче ќе игра против Пилана Жарко.

Победниците од овие натпревари патуваат во големото финале, а пак поразените екипи ќе играат во меч за третото место.

Спортска Мрежа и оваа година како и во претходните е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални мечеви и еден меч од групата А, каде тимот на Бирлик...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. Првиот меч не се одигра, а екипата...

Поврзани написи
Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

Озан Ајаз го освои турнирот „Црнилиште Куп 2026“, мечот за трето место се решаваше на пенали

Екипата на Озан Ајаз е победник на овогодинешното издание на турнирот во...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!