По четири одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Север, најдобра стрелец со девет погодоци е Орхан Мифтар од екипата на Фортуна.
Дури четири погодоци е разликата во однос на вториот најдобар стрелец односно Мерван Фетаи од Беса Влазрими кој има пет погодоци.
По три погодоци имаат постигнато Дарио Десниќ од Шкендија Арачиново, Кристијан Ивановски од Кадино, Ангел Настевски од Еуромилк ГЛ, Леутрим Таири од Риниа и Марко Тренески од Њу Старс.
Ергин Шерифи од Куманово си постигна два автогола, а по еден автогол си постигнаа Адем Аџами од БВК Коњаре, Марко Киш од Њу Старс и Антонио Македон Поповски од Аеродром.