Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш и Работнички во борбено реми без голови

Сподели
Сподели

На стадионот во Кавадарци, Тиквеш и Работнички одиграа борбен натпревар кој заврши со најнепопуларниот резултат – 0:0, во рамки на првото коло од Првата македонска фудбалска лига. Ова е прв ваков исход меѓу двата ривали на овој терен.

Мечот започна во знакот на домаќините, кои уште во 3. минута преку Кристијан Стојковски го тестираа голманот Васко Василев. Во првите 45 минути Тиквеш ја имаше иницијативата и притисокот, но Работнички имаше неколку зрели шанси, најсериозна преку Дашмир Елези во финишот на првото полувреме, кој шутираше над голот. Голманите Стевковски и Василев беа клучните фигури, со низа сигурни интервенции.

Вториот дел донесе слична слика – Тиквеш офанзивен, Работнички организиран во одбраната и опасен од контри. Иван Ивановски имаше шанса за домашните во 80. минута, но беше блокиран, додека најголемата можност за гостите ја имаше Јован Бошнаков во 84. минута, кога излезе сам пред Стевковски, но голманот на кавадарчани блесна со одлична одбрана.

Со овој бод, двата тима го отворија шампионатот без пораз, а Првата лига ќе се комплетира во утре со дуелот Силекс и Брера Струмица кој се игра во Кратово, а кој ќе започне во 17:30 часот.

Во однос на останатите резултати, во петокот шампионот Шкендија со 5:1 го декласираше Шкупи, Вардар беше пресилен со 4:1 против Пелистер во „вечното дерби“ кое се играше во Скопје. Вчера, Башкими и Арсими ремизираа играјќи 1:1, додека пак Струга Трим Лум со 2:0 ја доби Македонија ЃП.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни...

ФудбалФутсал

Владимир Трендафиловиќ е херој – Бутел го доби Балкан во меч со 13 гола!

Бутел стигна до третото сезонско славје откако вечерва го доби дебитантот Балкан...

Втора лигаФудбал

Игор Иванов ќе им суди на Детонит Плачковица и Скопје

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!