Прва лигаФудбал

Љубов без граници: Татко и ќерка патуваа речиси 2.000 километри за да го бодрат Пелистер во Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Иако Пелистер загуби со 1-4 од Вардар во дербито на Арената „Тодор Проески“ во првото коло од новата сезона во ПМФЛ, на трибините имаше приказна која ја надмина резултатската рамка.

Малата Теодора и нејзиниот татко Борче се вистински пример дека љубовта кон клубот нема граници. Двајцата отпатуваа точно 1.959 километри – од Есен, Германија до Скопје – само за да бидат покрај својот Пелистер на големото дерби. Со навивачки реквизити и голема енергија, тие му дадоа максимална поддршка на битолскиот клуб, иако исходот на теренот не беше поволен.

По натпреварот, Теодора имаше прилика да се запознае и фотографира со дел од фудбалерите на „зелено-белите“, кои со задоволство ѝ возвратија на симпатиите.

ФОТО: ФК Пелистер

Од Пелистер порачаа – љубовта кон клубот не знае за граници и препреки.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!