Останато

Лина Ѓорческa ќе игра полуфинале на тунирот во Куршумлијска Бања!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, избори пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, кој се игра за награден фонд од 30.000 долари.

Вчера во четвртфинале, Ѓорческа ја совлада Ксенија Зајцева со 2-0 во сетови (6:1, 6:2) за 94 минути игра, остварувајќи ја својата втора победа во вториот меѓусебен дуел со руската тенисерка.

Првиот сет започна со водство на Зајцева од 1:0, но следуваше серија од шест последователни гема за Ѓорческа, која го освои сетот со 6:1. Во вториот сет, при резултат 3:2, македонската тенисерка повторно направи мини-серија и со конечни 6:2 ја потврди победата.

Денес во полуфиналето, со почеток од 11:00 часот  Ѓорческа ќе се сретне со Дарја Астахова, против која има позитивен биланс – две победи во два меѓусебни дуела, меѓу кои и една во полуфинале на турнир во Оломоуц, Чешка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!