Прва лигаФудбал

ВАР системот доби зелено светло – промоција во ФФМ пред стартот на новата сезона!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во „Куќа на фудбалот“ денес беше официјално промовиран ВАР системот, кој за првпат ќе се користи во Првата македонска фудбалска лига (Прва МФЛ) од новата сезона. Овој чекор претставува голем исчекор за македонскиот фудбал и модернизација во согласност со европските и светските стандарди.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе изгради три ВАР-соби, контролна просторија и сервер, сè според строгите стандарди на ФИФА. Покрај тоа, обезбедено е и репортажно возило кое ќе се користи за телевизиски преноси на натпреварите.

ФОТО: ФФМ

На промоцијата зборуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ВАР проект лидерот Дејан Јакимовски и претседателот на Комисијата за делегирање на судии, Јосип Бартон, кои ја претставија целокупната слика за имплементацијата на ВАР системот.

„ВАР системот во Македонија конечно стана реалност. Горд сум на тимот во федерацијата кој 24/7 работеше на овој проект. За само три месеци ја набавивме целата потребна технологија и изградивме три модерни ВАР-соби и контролна просторија. Многу поголеми федерации од нашата имаа потреба од подолг период за ваков проект, а ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание – не им се веруваше дека ќе успееме во толку краток рок“, истакна Омерагиќ.

ФОТО: ФФМ

Сите клубови од Првата МФЛ пријавија стадиони кои ги исполнуваат условите за користење на ВАР технологијата и добија соодветни лиценци. Единствен исклучок е стадионот во Чаир, каде настапува екипата на Шкупи, бидејќи таму сè уште нема технички услови за имплементација на системот.

Судиите што ќе бидат дел од ВАР-собите ќе бидат исклучиво македонски арбитри, кои веќе минаа соодветна обука.

ФОТО: ФФМ

Со оваа новина, македонскиот фудбал прави значаен чекор напред во обезбедување на фер и прецизни судиски одлуки, што ќе придонесе за подигнување на квалитетот и регуларноста на натпреварите во најелитното домашно фудбалско натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!