ИнтернационалциФудбал

Ленче Андреевска ја продолжува фудбалската кариера во грчки ПАОК!

Сподели
Сподели

Ленче Андреевска е 32-годишна македонска фудбалерка од Велес, која се истакнува како еден од најдобрите играчи во женскиот фудбал во Македонија. Со богато искуство и посветеност, таа има градено извонредна кариера како офанзивен среден играч, која ја носеше низ повеќе клубови во Македонија, како и надвор од нејзините граници.

Почетоците на нејзината кариера се поврзани со македонските клубови ЖФК Борец, ЖФК Наше такси, ЖФК Скопје и ЖФК Македонска Каменица, каде со својата игра привлекуваше внимание и го покажуваше својот талент. Нејзините настапи во домашното првенство и овозможија да стане важен член и на женската сениорска репрезентација на Македонија, каде продолжува да дава значаен придонес.

Ленче ја продолжи својата професионална кариера во странство, настапувајќи минатата сезона за турскиот клуб Unye Kadin. Сега е член грчки клуб AC PAOK, каде се надева дека ќе ја подигне својата игра на уште повисоко ниво и ќе ја претставува Македонија со уште поголема гордост.

Со својата упорност и љубов кон фудбалот, Ленче Андреевска е пример за младите фудбалерки во Македонија и инспирација за сите кои следат спортска кариера.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!