Останато

Дамите на ШК Алкалоид без пораз на шаховскиот шампионат во Струмица!

Сподели
ФОТО: ШК Алкалоид
Сподели

Шахистките на Алкалоид со убедлива и сигурна игра, остварувајќи максимални пет победи во пет кола, стигнаа до 10 меч-бодови и ја освоија шампионската титула за 2025 година на Екипното државно првенство за жени што се игра во Струмица.

Во последното коло, тимот на Алкалоид славеше над ШК Неготино со 3,5-0,5. Со ова, Неготино го заврши турнирот на третата позиција со 6 бодови, додека второто место ѝ припадна на екипата на МШК Центар со освоени 8 меч-бодови.

Алкалоид настапуваше во комплетен состав: ИМ Лела Јавакишвили, ВМ Бела Котенашвили, ЖФМ Моника Стојковска, ЖИМ Габриела Коскоска, ЖФМ Моника Жежовска и Леа Ефтовска. Во текот на целиот турнир екипата одигра без пораз, со вкупно 17 победи, три ремија и без ниту една загубена партија.

Триумфот на шахистките ја отвора можноста за двојна круна, бидејќи и машката екипа на Алкалоид води во конкуренцијата по пет одиграни кола. Синоќешната убедлива победа со 6-0 над ГШК Куманово 1 ја потврди доминацијата на фармацевтите и ја демонстрираше јасната разлика во квалитет.

„Карактеристика на мечевите во женската конкуренција е големата непредвидливост и честите пресврти. И овојпат беше така – имаше вистински оган на таблите, голема борба и силни емоции. Во клучниот меч за титулата, одлична партија одигра женскиот ФИДЕ-мајстор и повеќекратна државна шампионка Моника Стојковска, но и останатите партии беа резултат на повеќемесечни подготовки.

Овојпат разработувавме неколку сценарија – нешто што не е типично за екипни мечеви  но токму тоа ни овозможи да бидеме подготвени за секоја ситуација. Не беше лесно ниту за интернационалките на првите табли. Иако, со исклучок на екипите на Центар и Неготино, останатите клубови немаа високо рангирани играчи, мечевите беа тешки и неизвесни.

Конкуренцијата беше сконцентрирана во помал број екипи, но дополнителна тешкотија донесе одлуката на Шаховската федерација на Македонија да се играат две кола во еден ден. Тоа значително влијаеше на ритамот и кондицијата на шахистките.

Се надевам дека во иднина женскиот шах во Македонија ќе продолжи да се развива, особено преку поддршка и развој на младите таленти – нешто што мора да биде долгорочна заложба во интерес на целиот македонски шах“, изјави ВМ Влатко Богдановски, капитен на женскиот тим на ШК Алкалоид. “

Одлични настапи бележи и младата екипа на ШК Мулти Есенс, составена од шахисти кои потекнуваат од школата на Алкалоид. Тие вчера го совладаа ШК Гостивар со 3,5-2,5 и остануваат непоразени, моментално второпласирани со 9 бодови. Според правилникот, на првите две табли настапуваат странски играчи, чии партии завршија реми. Победи забележаа Михаил Јорданов и Матео Ефтовски, ремизираше Стојан Велкоски, а единствен пораз доживеа Теодор Јовановски.

Во останатите натпревари од петтото коло, ШК Шкупи и ШК Нов Напредок од Штип одиграа без победник (3-3), додека екипата на Прилеп беше поразена од ШК Гамбит со резултат 1,5-4,5.

Во шестото коло, ШК Алкалоид ќе се сретне со ШК Гостивар, а тимот на ШК Мулти Есенс го очекува клучен дуел за врвниот пласман против директниот конкурент, ШК Нов Напредок од Штип, кој моментално се наоѓа на делба на третата позиција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за својот голем...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!