Успешно заврши овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“. Последниот, финален ден беше вистински спортски празник за радовишкото село, со над 2.000 посетители, вкусна скара, ладно пиво, многу голови и неизвесни натпревари – вистинско уживање за сите љубители на фудбалот.
Екипата на Фреит Оне е новиот шампион на турнирот, откако во големото финале со резултат 3:1 го совлада тимот на Il-Ma Montage. Натпреварот понуди голема доза на неизвесност, особено во првото полувреме, кое заврши со резултат 1:1.
Во второто полувреме, Фреит Оне беше поефикасен и попрецизен, успевајќи да постигне уште два гола и да ја обезбеди шампионската титула. За триумфот, тимот доби парична награда од 180.000 денари, додека второпласираниот Il-Ma Montage освои 85.000 денари.

Третото место ѝ припадна на екипата Јанев Пласт, која беше наградена со 40.000 денари, додека Мече Дел Шпед од Неготино, која заврши на четвртото место, доби 20.000 денари.
- Поединечните награди ги добија:
Најдобар играч: Мартин Ристов (Фреит Оне)
Најдобар голман: Димитар Ѓоргиев (Фреит Оне)
Најдобар стрелец: Марио Благојевски (Il-Ma Montage)

„Ораовица 2025“ беше уште едно одлично издание на еден од најдобрите турнири во мал фудбал во регионот – турнир кој донесе квалитетна спортска програма, силна конкуренција, фер-плеј и многу емоции.
До следното издание во 2026 година – спортски поздрав од Ораовица!

Спортска Мрежа, за првпат годинава, беше медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи покриеност на сите натпревари од првиот до последниот ден.