ИнтернационалциФудбал

Историски успех за Љуботен – четири гола на Хава Мустафа за пласман во следната рунда!

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Љуботен испиша златна страница во македонскиот спорт совладувајќи го ерменскиот Пјуник со убедливи 4-0 во финалето на првата квалификациска фаза за Лигата на шампионите.

Хероина на натпреварот беше феноменалната Хава Мустафа, која постигна сите четири гола – по еден во првото и три во второто полувреме (39’, 55’, 89’, 96’). Со оваа победа, шампионките од Тетово обезбедија пласман во втората квалификациска рунда, каде на 27 август ќе се соочат со силниот шведски претставник Розенгард.

Последен пат екипата на Наше Такси играше во оваа фаза во сезоната 2011/12, а Љуботен со овој подвиг покажува дека има квалитет за нови европски успеси.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!