ИнтернационалциФудбал

Дарко Коцев од Радовиш ја гради својата интернационална кариера – нов кондиционен тренер на репрезентацијата на Кувајт до 16 години

Сподели
Сподели

Дарко Коцев, искусниот и високообразован кондиционен тренер од Радовиш, започна ново интернационално поглавје во својата кариера, приклучувајќи се како кондиционен тренер на репрезентацијата на Кувајт до 16 години. Коцев, кој има 40 години, веќе направи силно име во македонскиот спортски свет, важи за еден од најдобрите во својата област, познат по својата професионалност и посветеност.

Во својата богата кариера, тој беше кондиционен тренер на прволигашот Брера Струмица четири сезони, а исто така и шеф на стручниот штаб на ФК Плачковица од неговиот роден град Радовиш, како и координатор на младинските категории во клубот.

Работел и со РК Радовиш, особено во припремените периоди за подигнување на физичката форма на играчите, а истовремено се истакна и во индивидуална работа со спортисти од различни дисциплини.

Коцев поседува UEFA Fitness A диплома, UEFA SHERE диплома и UEFA B тренерска лиценца, што ја потврдува неговата компетентност и стручност на високо ниво, Коцев е магистер по кинезиологија.

Искусниот кондиционен тренер беше во Чешка, каде заедно со младата репрезентација на Кувајт го одработи првиот подготвителен камп во Прага.

„Бевме на припреми во Прага, Чешка две недели. Овде е многу професионално, одлична организирана средина. Добро се адаптирам. Целите овде се 2026 квалификации во азиската лига. Предизвикот е голем, во друг свет со друга култура“, изјави Коцев во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Ова е значаен чекор за македонскиот стручњак, кој ја продолжува својата спортска приказна на меѓународната сцена и претставува вистински амбасадор на македонскиот спорт во светот.


Во следниот период Спортска Мрежа најавува емисија во која ќе гостува Дарко Коцев, ќе зборуваме на многу фудбалски теми, наскоро најава за неговото гостување во Спортска Мрежа Podcast.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!