Денес на градскиот стадион во Македонска Каменица се одигра пријателски натпревар меѓу Каменица Саса и Слога Виница, кој заврши без победник, а со по еден гол за конечни 1:1.
„Рударите“ првите дојдоа до водство од минимални 1:0 со голот на Лука Николов, а пак повратникот во Втората лига, екипата на Слога Виница преку Воинов дојде до конечните 1:1. Треба да се напомене фактот што екипата од Виница не реализираше пенал.
Овој пријателски меч послужи за проверка на формата на двете екипи, а притоа тренерите и на двете екипи имаа можност да комбинираат и да им дадат шанса на играчите на кои ќе сметаат во новата сезона која започнува на 23 август.
Каменица Саса новата сезона ја отвара на домашен терен против Осогово, а пак Слога Виница ќе гостува кај Скопје во Атокоманда.