Втора лигаТрета лигаФудбал

ФОТО: Второлигашот Кожуф го доби третолигашот Победа на пријателски меч во Валандово

Сподели
Сподели

Денес на градскиот стадион во Валандово се одигра пријателски меч меѓу третолигашот Победа и второлигашот Кожуф, а кој тест меч заврши со триумф за тимот од Гевгелија, предводен од штипскиот тренер Иван Варадиновски со резултат од 0:2.

Кожуф играше во комбиниран состав со цел Варадиновски да ја провери формата на сите играчи со кои располага. Победа која е повратник во Трета лига – Исток игра со значително млада екипа, која покажа борбеност и желба на теренот, со што тимот од Валандово продолжува со напорна работа за максимално подготвен да влезе во новата сезона.

Кожуф новата сезона во Втората лига ја отвара во Штип против Брегалница, а истата започнува на 23 август.

Двете екипи ќе одиграат уште неколку пријателски натпревари до почетокот на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан повикува: ,,Срце на терен и поддршка од трибините против Пелистер!“

Во рамки на 17. коло од Суперлигата, ГРК Охрид во недела ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер во „Билјанини Извори“. Се очекува тешка...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија U18 славеше на првиот од двата пријателски натпревари во Струмица — Хоџа двоен стрелец

Вчера во Струмица се одигра пријателскиот натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Црна Гора (U18), на кој нашата репрезентација заслужено славеше со...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица послаб за најдобриот стрелец Сашо Дуков!

Со утрешниот меч меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе се затвори официјално...

ФудбалЧетврта лига

Средба на Манчев и Илиев во Босилово: Поддршка за локалниот фудбал и најави за нови инвестиции во спортот

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на...

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!