ИнтернационалциФудбал

Шкендија испиша историја – европска есен обезбедена!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија направи сензација на европската сцена и по пауза од осум години повторно носи европска есен за македонскиот фудбал! Тетовци славеа и на реваншот против романскиот гигант ФЦСБ, овојпат на гости во Букурешт со 1-2, и со вкупен резултат 3-1 обезбедија пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Со оваа историска победа, Шкендија си обезбеди најмалку учество во групната фаза на Конференциската лига, што значи дека Македонија конечно добива претставник во лигашкиот дел на едно од натпреварувањата на УЕФА, првпат по 2017 година и настапот на Вардар во Лига Европа.

  • Голем подвиг против ФЦСБ

Романскиот тим го отвори резултатот преку Цисоти во 28. минута, но само пет минути подоцна Љатифи реагираше најдобро во мешаницата и го врати резултатот на 1-1, што беше доволно за тетовци да заминат на одмор со психолошка предност.

ФОТО: ФК Шкендија

Во вториот дел, Шкендија беше тактички дисциплинирана, го контролираше темпото, а конечниот удар го зададе Ване Крстевски во 87. минута, кога по една убава акција успеа да го запечати триумфот и да донесе ерупција од радост во македонскиот табор.

  • Стратегија, тактика и храброст

Тренерот Јетон Беќири направи клучни измени во составот – Алхасан стартуваше на местото на суспендираниот Ќака, а Љатифи доби шанса од првата минута. Промени кои се покажаа како одлучувачки.

Шкендија го издржа почетниот налет на домаќините, ја контролираше средината и ја искористи секоја шанса. Ибраими, Љатифи, а потоа и Крстевски беа клучните фигури во нападот, додека голманот Гаје и дефанзивната линија беа стабилни и сигурни.

  • Европската есен е веќе реалност

Со пласманот во третото коло од Лигата на шампионите, Шкендија веќе ја има гарантираната награда од најмалку 5 милиони евра и минимум учество во групната фаза на Конференциската лига. Во следната рунда ги очекува тежок предизвик – азербејџанскиот Карабах, еден од најискусните тимови во квалификацискиот систем на УЕФА.

ФОТО: ФК Шкендија

Ако не успее против Карабах, Шкендија ќе има нова шанса во плеј-офот за Лига Европа, а во најлош случај ќе влезе во групите на Конференциската лига – што само по себе е голем успех за македонскиот фудбал.

  • Втора македонска екипа со групна фаза

Со ова достигнување, Шкендија станува само вториот македонски клуб кој обезбедил пласман во групна фаза на европско натпреварување, по Вардар во 2017 година. Овој историски момент е потврда за квалитетната работа на клубот, но и нова надеж за македонскиот клупски фудбал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!