Ракомет

ФОТО: Долдуров прозиваше – РК Радовиш ги започна подготовките

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот суперлигаш Радовиш денес ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2025/2026 со една цел – директен и сигурен опстанок во суперлигашкото друштво.

Под водство на младиот стратег Александар Долдуров денес беше првиот собир на ракометарите во СРЦ „25 Мај“ со што беше одржан и првиот тренинг, а со тоа и официјално започнуваат летните подготовки.

Клубот има неколку нови засилување – Мартин Димов, Илија Табаков, Филип Сиљанов, голманот Даниел Ацев и Бобан Каковски.

ФОТО: Спортска Мрежа

Радовишани ќе одиграа и неколку пријателски натпревари за брусење на формата, а како противници веќе се договорени Текстилец од Штип и Младост од Богданци, а дополнително ќе бидат договорени и уште неколку противници за проверка на формата.

ФОТО: Спортска Мрежа

Новата сезона стартува на 6 септември, а екипата на Радовиш во рамки на првото коло ќе ги одмери силите со Куманово на гостински терен.

ФОТО: Спортска Мрежа

 

ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!