Откажувањето на Беса од понатамошното натпреварување во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) отвара една слободна позиција, за што веќе објави Спортска Мрежа.
Неиграњето на Беса значи дека во Втора лига наместо 16 ќе бидат 15 екипи, но се отвара прашањето дали тоа место ќе се пополни со друга екипа или ќе се игра со 15 екипи и во секое коло ќе има слободна екипа.
Беса беше во стилот на топло – ладно, испадна од лигата и најави дека нема да игра, потоа ќе игра, а во меѓувреме имаше ждрепка за поразените од третолигашкиот бараж за Втора лига и извиси само Преспа од Ресен, а за сега Беса да не игра.
Според информациите на Спортска Мрежа утре ќе се одржи ждрепката за новаа сезона за Прва и Втора лига и за Купот на Македонија, а претходно ќе се разговара за тоа дали Преспа ќе игра во Втора лига?
Ресен е пред можноста веќе од 23 август на градскиот стадион во Ресен да гледа второлигашки фудбал, а се ќе биде познато веќе утре.
Како што веќе објавивме, голема е веројатноста Преспа да игра, но и Втора лига да започне со 15 екипи без тимот од Ресен, а се ќе биде познато утре до 12 часот.