Вечерва се случи вистинска голеада на меморијалниот турнир „Алмир Ибески Алмо 2025“ во прилепско Дебреште, откако на сите четири натпревари паднаа многу погодоци.
Озан Ајаз обезбеди „лото“ победа против тимот на B.U. од убедливи 7:1 со што тимот на Озан Ајаз покажа одлична игра и доминација на теренот.
Во вториот меч тимот на Имран Кафе со 3:0 обезбеди победа над Галатасарај, а веќе на третиот меч паднаа осум погодоци, откако Бела Црква со 6:2 го декласираше тимот на Наим Phogography, кој немаше можност да парира на теренот.
Во четвртиот меч екипат на Бела Црква со 3:0 го доби убедлии Дебреште.
Утре во 20 часот Дебреште ќе се соочи со Наим Phogography, Галатасарај со Барбараш Дебреште во 20:30, а од 21 часот Енотека Кафе Рома против Поликлиника Др. Спаско.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан во мал фудбал.