Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ја продолжува својата интернационална кариера во Босна и Херцеговина. Искусниот дефанзивец е нов член на актуелниот шампион Зрињски од Мостар, со кој потпиша договор на една година, со можност за продолжување до 2027 година.
Велковски во Зрињски пристигнува како значајно засилување за дефанзивната линија на тимот. Тој зад себе има богато меѓународно искуство, настапувајќи во клубови од Хрватска, Романија, Унгарија и Саудиска Арабија. Иако се шпекулираше за можен трансфер во редовите на Железничар, изборот сепак падна на Зрињски.
Клубот од Мостар го гледа Велковски како клучен играч во својата борба за нова титула и успешен настап во европските натпреварувања.
За 30 годишниот стопер ова претставува нов предизвик во кариерата, а истовремено останува и во фокусот на селекторот Благоја Милевски за претстојните натпревари на македонската репрезентација.