КупФудбал

Третолигашот Пчиња ќе земе учество во Купот на Македонија

Сподели
Сподели

Третолигашот Пчиња ќе земе учество во фудбалскиот Куп на Македонија, што ќе претставува голем историски успех за овој клуб.Екипата која настапува во Трета лига – Север за првпат во клупската историја ќе настапи во Купот на Македонија и со тоа ќе се испише една голема историја за клуб кој доаѓа од едно мало село како што е Пчиња.

Кумановското село кое има околу 650 жители ќе има можност да го проследи својот миленик и да навива за истиот во Купот на Македонија.

Пчиња важи за клуб кој е одлично организиран, клуб кој има одлично поставени темели и минатата сезона имаше одлична сезона во Трета лига – Север, а сега оди чекор повеќе со учеството во Купот на Македонија.

Како што вели претседателот на клубот Боби Маневски за Спортска Мрежа, посакуваат за противник да добијат прволигашка екипа со цел да одиграат квалитетен натпревар и да добијат искуство, кое за мала екипа како Пчиња ќе биде добредојдено.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!