Младински фудбалФудбал

Кадетите на Академија Пандев – Брера Струмица блескаат на силниот меѓународен турнир „Христо Бонев“ во Бугарија

Сподели
Сподели

Кадетската генерација на Академија Пандев – Брера Струмица, составена од фудбалери родени 2008/2009 година, под водство на тренерите Борче Постолов и Никола Костадинов, прикажува одлични игри на престижниот меѓународен турнир „Христо Бонев“, што се одржува во Боровец, Бугарија.

Струмичките таленти одиграа беспрекорна групна фаза, забележувајќи три победи во трите натпревари, со што обезбедија директен пласман во полуфиналето како првопласирани во групата.

  • Резултати на групната фаза:

Академија Пандев Брера Струмица – ФК Македонија ЃП 4:1

Академија Пандев Брера Струмица – ФК ЦСКА Софија 4:0

Академија Пандев Брера Струмица – ФК Славија Софија 2:1

Во недела, струмичани ги очекува полуфинален предизвик против бугарскиот ФК Локомотив Пловдив (11:00 часот), додека во другото полуфинале ќе се сретнат ФК Локомотива Загреб и ФК ЦСКА Софија.

Турнирот во Боровец е одлична можност за оваа шампионска генерација на Брера Струмица, која веќе две години по ред ја освојува дуплата круна во Македонија, да ги потврди своите квалитети на меѓународна сцена.

Одличната организација, силната конкуренција и врвните натпревари само дополнително ја мотивираат оваа талентирана генерација на патот кон уште еден голем успех.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!