Прва лигаФудбал

Искусниот интернационалец Немања Здравковиќ ново засилување за ФК Пелистер!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

ФК Пелистер доби значајно засилување во одбраната. 32-годишниот српски дефанзивец Немања Здравковиќ и официјално е нов играч на битолскиот прволигаш и веќе е во Битола, каде веднаш ќе му биде ставен на располагање на тренерот Димитар Капинковски.

Здравковиќ пристигнува од српската Дубочица, а зад себе има богато искуство настапувајќи за Металац, Раднички, Напредок, како и во Литванија. Неговата кариера е исполнета со настапи на високо ниво во српската Суперлига и Прва лига, а сега своето знаење и квалитет ќе ги стави во служба на Пелистер.

По пристигнувањето во Битола, Здравковиќ не го криеше задоволството што ќе настапува за еден од најтрофејните македонски клубови:

„За Пелистер слушнав уште од татко ми, кој исто така беше фудбалер. Знам дека клубот има богата историја и дека зад него стојат страствени навивачи, а тоа за мене беше дополнителен мотив да прифатам да дојдам овде,“ изјави Здравковиќ.

 

„Веќе имав можност да запознаам дел од градот, а соиграчите и стручниот штаб ме пречекаа одлично. Ќе дадам сè од себе за да ги оправдам очекувањата и да помогнам на тимот,“ додаде тој.

Со неговото пристигнување, Пелистер добива стабилност и сигурност во дефанзивната линија, а битолската публика ќе гледа нов борец на теренот кој ќе ја брани зелено-белата боја со своето искуство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!