Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: ЖФК Кочани ја промовираше Ивона Бангиева и ги започна подготовките

Сподели
Сподели

Повратникот во Првата женска фудбалска лига, екипата на Кочани го претстави своето второ летно засилување за новата сезона. Откако претходно беше промовирана Марија Велиновска за што објави Спортска Мрежа, клубот ја претстави и Ивона Бангиева.

Второто летно засилување на Кочани доаѓа од редовите на радовишка Плачковица, 18-годишната штипјанка кариерата ја започна во струмичкиот прволигаш Тиверија Брера, од каде се пресели во Плачковица, а сега доаѓа во новиот прволигаш.

Станува збор за фудбалерка која игра по левата странична позиција како во одбраната така и во нападот.

ЖФК Кочани под водство на Оливер Јовановски ги започна подготовките за новата сезона. Првите тренинзи ќе бидат фокусирани на физичка подготвеност и тактичка вежба. Веќе од следната недела на подготовките ќе се приклучат и поискусните фудбалерки.

Поранешниот шампион на Македонија во елитата се врати откако минатата сезона заврши прв во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!