Фудбал

Фудбалски камп „Дојран 2025“ за деца со попреченост од ФК Карпошово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во Дојран од 30 јуни до 5 јули се одржа тренинг камп за фудбалери со Даунов Синдром и лесна  попреченост од ФК Карпошово. Тренинг кампот беше овозможен од страна на ФФМ и УЕФА фондацијата за деца.

Фудбалерите предводени од искусни тренери активно учествуваа во секојдневните тренинг активности во теретана,  фудбал во сала и пливање во базен.

Тренинг камповите од овој тип освен тоа што позитивно влијаат на телесна и психичката благосостојба на фудбалерите, придонесуваат за создавање на поинклузивна фудбалска средина во која секој може да се учествува и да се реализира согласно своите способности.

Голем придонес и позитивна рекција за тренинг кампот, имаше и од семејствата на фудбалерите кои го поддржуваат секој самостоен чекор на своите фудбалери.

Фудбалот повторно беше  многу повеќе од игра, тој беше поле каде што се стекнуваат животни вештини кои потоа  се применуваат во секојдневниот живот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!