Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јошко Миленкоски: Целта е ново Европско првенство, ќе биде тешко, но одиме со јасна цел!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Селекторот Јошко Миленкоски вчера ја собра македонската одбојкарска репрезентација во Маврово, каде и беше првиот тренинг како официјален почеток на подготовките за претстојниот квалификациски двомеч со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

Миленкоски ќе се потпре на проверената гарнитура од Европската Златна лига од минатиот месец, уверувајќи дека токму тие се вистинските за да се оствари целта – четврто учество по ред на континентален шампионат за Македонија.

„Одморот беше краток, можеше да биде и пократок, но моравме да им оставиме малку простор на играчите по напорниот настап во Европската лига. Таму имавме добар резултат, ја задржавме позицијата во Златната лига и следната година повторно ќе се натпреваруваме во тоа друштво“, истакна Миленкоски.

Селекторот додаде дека сега следи многу поважниот дел, бидејќи е потребно да се задржи континуитетот на настапи на Европските првенства.

„Нема да биде лесно. Она што го испуштивме во претходната рунда мора да го надоместиме во Атина, против Грција. Потоа мечот со Грузија во Скопје треба да биде круна и да ни го обезбеди пласманот. Грција е во фокусот, но за жал не зависиме само од себе. Форматот е таков, па треба да се надеваме дека резултатите во другите групи ќе ни одговараат“, рече Миленкоски.

Македонија нема да има долги подготовки, но селекторот најави дека ќе бидат интензивни. Тимот ќе одигра пријателски двомеч со Бугарија, а потоа следува турнирот „Чајка“ како финална проверка, каде противници ќе бидат Бугарија и Швајцарија.

„Ќе биде кратко, но напорно. Мора да мислиме позитивно и да останеме фокусирани на јасната цел – пласман на Европското првенство. Тоа треба да ни биде мотив на секој тренинг и натпревар, особено за првиот дуел со Грција“, порача Миленкоски.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!