Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пораз од Хрватска ги заврши квалификациите за ЕП 2027

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Хрватска (53:91) го затвори настапот во првиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2027.

Во салата „Градски парк“, избраничките на селекторот Ашаданов настапија значително ослабени, без неколку искусни кошаркарки кои се повлекоа од репрезентацијата, како и без натурализираната Американка Мерит Хемпе, која поради повреда не беше во составот.

Хрватска уште од самиот почеток ја наметна својата игра и рано стекна двоцифрена предност. По првата четвртина, во која Македонија реализираше само неколку поени, беше јасно дека фаворитот ќе ја контролира играта. На полувреме гостинките имаа сигурни 20 поени разлика (25:45), а во вториот дел дополнително ја зголемија предноста, не дозволувајќи неизвесност.

И покрај резултатот, младата македонска селекција покажа борбеност и желба за надигрување со поквалитетниот противник, но искуството на Хрватска дојде до израз во клучните моменти.

Најефикасна во македонските редови беше Милица Николиќ со 16 поени, додека Илина Селцова додаде 13, а Јана Пислевска реализираше девет поени. Кај противничката екипа, Шавонте Желуз постигна 18 поени, Андријана Цвитковиќ 13, додека Оливија Вукоша забележа дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скока.



Со овој пораз, Македонија го заврши циклусот со една победа и пет порази, освојувајќи го четвртото место во групата. Единствениот триумф беше забележан на домашен терен против Данска, додека двапати беа поразени од Хрватска и Грција, како и еднаш од Данска.

Хрватска и Грција квалификациите ги завршија со идентичен учинок (4-2), но Хрватките го освоија првото место, додека Данска со скор 3-3 обезбеди пласман во следната фаза од квалификациите за Евробаскет 2027.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид останува на врвот, Пелистер и Работнички израмнети, Тетекс со голем скок, тешка борба за бегство од опасната зона!

Осмото коло на Втората лига направи промени на врвот од табелата, резултати кои најмногу им одговара на дел од екипите во горниот дел...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен останува на врвот, шампионот Скопје втор со бод помалку, промени на средината од табелата, Кочани на дното

Деветтото коло на Првата женска фудбалска лига донесе промени на табелата со што некои екипи напредуваа, а некои се спуштија некоја позиција подолу....

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!