Турнири

Стартува Малеш Куп 2025 – Берово живее за фудбал!

Сподели
Сподели

Берово во следниот период повторно ќе биде фудбалски епицентар! Почнува четвртото издание на популарниот Малеш Куп, турнирот во мал фудбал кој секое лето ја обединува спортската јавност и ги собира најдобрите екипи од регионот.

Вечерва, со почеток од 19:00 часот во City Pub – Берово, ќе се одржи ждребката за групите, на која сите пријавени екипи треба да испратат свој претставник. Групите ќе бидат формирани, а турнирот официјално започнува во недела, на 20 јули, на теренот кај Старата Гимназија во Берово.

Натпреварите ќе стартуваат од 19:00 часот, а веднаш по нив следува журка со беровската група “ТХЕ ШТЕКИЦА” – вистинско отворање за паметење!

Наградниот фонд годинава е мотив повеќе за сите учесници:
🥇 Прво место – 110.000 денари
🥈 Второ место – 60.000 денари
🥉 Трето место – 30.000 денари
🏅 Четврто место – 10.000 денари

Ќе бидат доделени и признанија за најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар играч на турнирот.

Спортска Мрежа, медиумски покровител четврта година по ред, ќе биде на лице место за да ги пренесе сите возбудувања од Малеш Куп 2025 – турнирот што секогаш носи страст, ривалства и фудбалски спектакл!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!