Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 потпиша професионални договори со талентираните браќа Фехми

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Прогресот на младите ракометари во Еурофарм Пелистер е јасно видлив, а клубот со гордост продолжува да ја наградува довербата на најперспективните играчи со професионални договори и промоција во сениорскиот состав.

Двајца важни членови на младинската екипа, Мелин Фехми и Алдин Фехми, денеска ставија потпис на својот прв професионален договор со битолскиот клуб, со важност до јуни 2029 година.

Мелин Фехми, 16-годишен голман и Алдин Фехми, 18-годишен десен бек, потекнуваат од Кичево, но токму во Битола добија шанса да се развиваат и да настапуваат на највисоко младинско ниво. Со нивна помош, младинската екипа на Еурофарм Пелистер го освои високото четврто место на првото издание на младинската Лига на шампиони.

Браќата Фехми веќе од следната недела ќе му се стават на располагање на тренерот Александар Зарков и ќе започнат подготовки со првиот тим на Еурофарм Пелистер 2 за новата суперлигашка сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!