Кошарка

МЗТ Скопје против Шкупи, ТФТ Скопје домаќин на Куманово, Работнички против Феникс

Сподели
Сподели

Со три натпревари во сабота и три натправари во недела од првото коло ќе започне новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Актуелниот шампион МЗТ Скопје одбраната на титулата ја започнува против новиот прволигаш Шкупи на домашен терен, ТФТ Скопје дома ќе игра против новиот прволигаш Куманово, а пак Работнички ќе се соочи со екипата на Феникс. Овие натпревари се играат во сабота.

Во недела Чаир на домашен терен ќе игра против Кожуф, Тиквеш во Кавадарци ќе се соочи со екипата на Пелистер, а пак екипата на Вардар ќе ги одмери силите со Гостивар.

Како што веќе објави Спортска Мрежа и во новата сезона ќе настапуваат 12 екипи, со тоа што првите осум екипи од регуларниот дел обезбедуваат плеј-оф, а последните четири патуваат во плеј-аут, каде ќе бодат борба да се избегнат последни две места кои водат кон испаѓање во Втората кошаркарска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Кошарка

Познати двојките за четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција

По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се...

Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!