Македонската ракометна сезона 2025/26 официјално ќе стартува на 3 септември, со големото дерби меѓу двата најтрофејни клуба во земјава – Вардар и Еурофарм Пелистер, кои ќе се борат за првиот трофеј – Суперкупот на Македонија.
Оваа пресметка ќе биде дуел шампионот Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот, Вардар, а победникот со трофеј ќе ја започне сезоната. Точната локација на одигрувањето ќе биде дополнително соопштена од страна на Ракометната федерација на Македонија.
Ова ќе биде осмо издание на Суперкупот, а досега најмногу трофеи има токму Вардар – четири, додека Еурофарм Пелистер има два, а еден трофеј има Алкалоид.
Очекувањата се големи, атмосферата ќе биде вжештена, а љубителите на македонскиот ракометот веќе го одбројуваат почетокот на новата сезона со најголемото дерби во мак-ракометот. Новата сезона ќе биде многу неизвесна, борбена и можеби и најквалитетна, а дека е така говори фактот што екипите во Суперлигата во машка конкуренција значително се засилуваат со цел да ги остварат своите цели.
Борбата за шампионската титула ќе биде навистина голема, но и борбата за опстанок ќе биде голема – затоа екипи значително и квалитетно се засилуваат за предизвиците во новата сезона 2025/2026.