Турнири

(ВИДЕО) Финале: АСП Пак и Кафе Бар Коко на мегдан за шампионска титулата на „Петровден 2025“

Сподели
Сподели

Драматични моменти, маестрални потези и емоции до последниот свиреж – тоа беше полуфиналната вечер на турнирот „Петровден 2025“ во Мешеишта!

Првиот полуфинален дуел донесе вистинска неизвесност. АСП Пак и Кафе Бар 9 одиграа реми 1:1, но во пенал-рулетот повеќе смиреност и прецизност покажаа играчите на АСП Пак, славејќи со 4:3 и освојувајќи билет за големото финале.

Во второто полуфинале, Кафе Бар Коко демонстрираше моќ и зрелост, убедливо совладувајќи го Хотел и Спа Инекс Олгица со 5:1. Тимот предводен од искусниот Зоран Левески и Марио Благојевски уште еднаш потврди дека е во врвна форма и ќе атакува на титулата со полна сила.

  • Финалниот ден – Сабота, 12 јули 2025

20:30 | Натпревар за трето место:
Кафе Бар 9 – Хотел и Спа Инекс Олгица

21:30 | Ревијален натпревар
ФК Фер Плеј Охрид – генерација 2015/2016 и помлади
Организаторот на турнирот мисли и на младите фудбалски таленти, кои ќе имаат можност пред полни трибини да одиграат ревијален натпревар пред стартот на големото финале.

22:30 | Големото финале:
АСП Пак – Кафе Бар Коко

Очекуваме незаборавна вечер, исполнета со спортски дух, страст и фудбалска магија – достојна за јубилејното 50-то издание на овој традиционален турнир.

Спортска Мрежа, како медиумски покровител, ќе пренесе секоја емоција и секоја минута од оваа историска вечер во Мешеишта!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!