Куп натпреварот меѓу прволигашот Гостивар и второлигашот Победа наместо во Прилеп како што првично беше, ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари.
На барање на Гостивар доаѓа до промена на домаќинствата на двете екипи, на што ФФМ даде зелено светло и направи промена во домаќинствата на овој натпревар од првата фаза на Купот на Македонија.
Тоа значи дека мечот ќе се одигра утре на „Борис Трајковски“ во Маџари, каде фаворит ќе биде тимот на Гостивар. Повеќе од јасно е дека двете екипи кои имаат одлично меѓусебни односи лесно се договорија за ваквата промена.
Главен судија на мечот е Фатмир Бафто од Охрид, а истиот ќе започне во 14 часот.