КупФудбал

Второлигашки Куп дуел во Струмица, Гостивар против Победа, Башкими со Воска Спорт

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес ќе се комплетира првата фаза од Купот на Македонија со одложените три натпревари, кои наместо на 18. септември кога требаше да се одиграат, ќе се одиграат денес.

Во Струмица на „Благој Истатов“ ќе се соочат два второлигаши Беласица против Македонија ЃП, каде „лавовите“ ќе бидат фаворити за следна фаза од Купот на Македонија. Беласица не тргна според посакуваното во новата сезона од Втората лига, фокусот е на првенството и на градењето на млад тим на кој реално му треба време за воигрување и „печење“ на искуство.

Македонија ЃП има две Куп титули од 2022 и 2023 година, сега „лавовите“ не се во позиција за главни фаворити за трета Куп титула, но ќе сакаат што подалеку во Купот.

Главен судија во Струмица ќе биде Ангелчо Ристов од Неготино.

На Градскиот стадион во Гостивар ќе се соочат второлигашот Башкими и прволигашот Воска Спорт, ова ќе биде соочување на освојувачот на Купот од сезона 2004/2005 и ланскиот финалист. И двете екипи сакаат следна фаза, а воедно ова за нив ќе биде меч на докажување. Башкими во Втората лига сака пласман во горниот дел од табелата и промоција во Прва лига, а пак Воска Спорт ќе води борба за опстанок во елитата, а во Купот секоја следна фаза за нив ќе биде успех.

Главен судија во Гостивар ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп.

Прволигашот Гостивар ќе биде голем фаворит против второлигашот Победа на „Борис Трајковски“ на Маџари, натпревар кој првично требаше да се игра во Прилеп каде Победа требаше да биде домаќин, за што инфорамираше Спортска Мрежа, но сепак дојде до промена на домаќинствата по претходна договор на двата клуба со согласност од ФФМ, а на барање на Гостивар.

Главен арбитар ќе биде Фатмир Бафто од Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!