Фудбал

Емил Божиновски седнува на чело на судискиот одбор на ФФМ!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денес донесе одлука за кадровски промени во судискиот оддел, при што Емил Божиновски е именуван за нов претседател на судискиот одбор.

На оваа функција Божиновски ќе го наследи Александар Ставрев, кој досега ја извршуваше таа должност. Покрај промената на чело на одборот, доаѓа до уште една измена – Јосип Бартон влегува во судискиот одбор на местото на Дејан Костадинов.

Божиновски е поранешен македонски фудбалски судија со богато меѓународно искуство. Како долгогодишен интернационален арбитар, има судено натпревари од највисок ранг – во Лигата на шампионите, Лига Европа и во квалификациите за Европски и Светски првенства.

По завршувањето на активната судиска кариера, работеше како контролор на судење под капата на УЕФА и ФИФА. Во ФФМ, веќе има извршувано значајни функции – беше претседател на судиската комисија, одговорен за развојот и едукацијата на судиите, организација на семинари и примена на нови технологии.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Пелистер на зимски подготовки во Анталија

Битолскиот прволигаш Пелистер есенската полусезона ја заврши на деветтото место со 16...

Втора лигаФудбал

Блесок на Стефан Јовановски за перфектна есен на второлигашот Новаци

Новаци зад себе има исклучително успешна есенска полусезона во Втората македонска лига....

ФудбалФутсал

Бутел го освои Штип откако славеше над Астибо – Лазаре Пеев двоен стрелец!

Тимот на Бутел одигра одличен натпревар во Штип каде забележа победа во...

Прва лигаФудбал

Стојаноски: На Пелистер му се потребни сериозни подготовки и неколку засилувања

Пелистер е долгогодишен прволигаш во ПМФЛ и имаше силен старт на сезоната,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!