Втора лигаФудбал

Блесок на Стефан Јовановски за перфектна есен на второлигашот Новаци

Сподели
Сподели

Новаци зад себе има исклучително успешна есенска полусезона во Втората македонска лига. Со освоени 27 бодови, преку осум победи, три нерешени средби и четири порази, екипата заслужено ја заврши полусезоната на шестата позиција на таабелата, со одлична гол-разлика од +14 (25 постигнати и само 11 примени голови).

Централна фигура во есенскиот поход на Новаци е Стефан Јовановски (08.01.2000), кој ја игра најдобрата сезона во својата досегашна кариера. Во 15 првенствени натпревари реализираше девет погодоци и запиша пет асистенции, а својот голгетерски учинок го надополни и со еден погодок во Купот на Македонија на еден одигран натпревар.

Континуитетот, зрелоста во играта и влијанието врз офанзивната игра на тимот беа клучни за резултатската стабилност на Новаци. Ваквите настапи не останаа незабележани, па Јовановски веќе се наоѓа на радарот на неколку македонски клубови. Пред него е важна одлука – дали ќе направи чекор напред во кариерата или ќе продолжи да блеска во средината во која моментално се наоѓа, останува да се види.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!