По четири одиграни кола во ракометната Суперлига екипите на Охрид и Алкалоид го делат врвот од табелата со по осум бодови.
Двете екипи имаат четири од четири на стартот од новата сезона.
Вардар и шампионот Еурофарм Пелистер имаат по три победи и по еден пораз и со по шест бодови го делат третото место.
Бутел и Пролет имаат по четири бодови и ја делат петтата позиција, а пак Тиквеш и Прилеп со по три бодови ја делат седмата позиција.
Куманово е деветти со два бодови, а толку бодови има и дебитантот Бесинов од Велес и Струга која е претпоследна.
На дното е повратникот Радовиш без освоени бодови.