Втора лигаФудбал

Башкими ја има најдобрата одбрана, Кожуф го има најефикасниот напад во Втората лига!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По шест одиграни кола во Втората лига време е за кратка анализа. Лидер на табелата е штипска Брегалница со 14 бодови, во врвот од табелата е навистина густо еден кикс може да направи промени, секој натпревар сам по себе е важен за екипите кои конкурираат за местата за Прва лига.

Македонија ЃП е втора со 13 бодови, колку што има и Башкими кој е на третото емсто, а пак Кожуф и Арсими го делат четвртото место со по 12 бодови. Детонит Плачковица е на 6. место со 11 бодови, а пак Новаци е седми со 10 бодови.

Саса се проби до осмата позиција со осум бодови, а пак Скопје и Охрид го делат деветтото место со по седум бодови.

Беласица се’ уште нема триумф и се наоѓа на единаесеттото место со пет бодови, колку што има и Осогово. Победа е на тринаесеттото место со четири бодови колку што има и Вардар Неготино кој е во бараж зоната.

Борец е во зоната за директно испаѓање како претпоследен со три бодови, а два бодови има Вардарски кој е последен и не знае за триумф.

Од аспект на статистиките Кожуф го има најефикасниот напад со постигнати 13 погодоци, а двоцифрен број на постигнати погодоци имаат Македонија ЃП и Арсими, сите останати екипи имаат едноцифрен број на погодоци.

Токму од овие три екипи доаѓаат и најдобрите стрелци во Втората лига. Дарко Грозданоски од Кожуф е најдобар стрелец со седум погодоци, Симеон Христов е втор со шест погодоци, а настапува за Македонија ЃП, фудбалерот на Беласица, Димче Јовов има пет гола, а пак Аљбин Рамадани од Арсими има постигнато четири гола.

Најслаба одбрана има Вардарски која на шест меча примила 13 гола, со лоша одбрана е и Борец и Осогово со примени 11 погодоци, а двоцифрен број на погодоци прими и Вардар Неготино вкупно 10.

Во следниот период Башкими и Вардар Неготино ќе треба да играат на други терени, бидејќи нивните се суспендирани од страна на ФФМ и тоа може да има влијае.

Беласица дури во седмото коло против Каменица Саса ќе ја бара првата радост, а пак Вардарски го очекува тешко гостување кај Арсими што ќе биде навистина тешко гостинот од Богданци направи изненадување и дојде до прва сезонска радост.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!