Прва лигаФудбал

Повремен репрезентативец на Авганистан ново засилување за прволигашот Башкими

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Башкими од Куманово продолжува со засилување на своите редови по кам-бекот во Првата македонска фудбалска лига, ангажирајќи интернационалец со репрезентативно искуство.

Нов член на тимот е Хабибула Аскар, повремен репрезентативец на Авганистан, кој доаѓа како слободен агент од редовите на Воска Спорт. Аскар ќе ја покрие левата бековска позиција, но исто така е способен да настапува и како дефанзивен играч за врска, што ќе му даде дополнителни опции на тренерскиот тим на Башкими.

Аскар, кој покрај авганистански, поседува и шведски пасош, има шест настапи за сениорската селекција на Авганистан и богато искуство од настапи во шведските пониски лиги. Во ПМФЛ дебитираше минатата сезона со дресот на Воска Спорт, за која одигра десет натпревари.

По повлекувањето на Воска од лигата, Аскар беше слободен на пазарот и Башкими го искористи моментот за да донесе искусен интернационалец кој ќе внесе стабилност и квалитет во одбранбената линија на тимот.

Со овој трансфер, Башкими потврдува дека ќе гради сериозен тим по враќањето во фудбалската елита по повеќе од 15 години. Инаку, Башкими во сезона 2004/2005 го освои Купот на Македонија и играше во европските квалификации.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!