Ракомет

Важна промена во машката ракометна Суперлига: Се зголемува бројот на странски ракометари!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија направи голема промена за новата сезона во машката Суперлига.

Донесена е одлука за зголемување на бројот на странски ракометари, по предлог од страна на клубовите од машката Суперлига на конференцијата на клубови.

Оваа промена ќе се однесува веќе за од следната сезона 2025/2026.

„По предлог од страна на клубовите од машката супер лига на конференција на клубови одржана на ден 18.06.2025, управниот одбор ја донесе следната одлука:

Во сезона 2025/2026 бројот на странски ракометари на натпревар во завршниот дел од сезоната (Плеј Оф-Плеј Аут) во домашното првенство може да биде 9 (девет) ракометари.

Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат 6 (шест) ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).
Од вкупната бројка на странски ракометари 3 (три) ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите.“

Новата сезона треба да започне во првиот викенд од месец септември, а во Суперлигата ќе се натрпеваруваат 12 екипи.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!