Калин Ивановски не успеа да го мине првото коло на Челинџерот од серијата 100 во романскиот град Јаши, турнир со награден фонд од 145.250 евра.
Противник му беше Германецот Марко Торо, втор носител од квалификациите, кој славеше со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) по 102 минути игра.
Натпреварот започна лошо за Ивановски – Торо веднаш направи брејк и поведе со 2:0. Македонецот не ја искористи брејк шансата во третиот гем, а германскиот тенисер ја задржа предноста до крајот и го доби сетот со 6:3.
Во вториот сет, Торо направи нов брејк во третиот гем. Клучниот момент беше осмиот гем, каде што Ивановски имаше три брејк топки, но не успеа да ги искористи. Германецот го задржа водството и го затвори мечот со 6:4.
Ивановски ќе се обиде да се врати на победничките патеки на претстојниот Челинџер турнир во Сан Марино.