Турнири

Дивино по пенали, Украс ИНГ моќно – првите полуфиналисти познати на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Фудбалската треска во Чифлик Маало не стивнува! Синоќа се одиграа првите два четвртфинални дуела од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“, кои донесоа драматика, пенали, голови и доминација.

Пица Ресторан Дивино (Босилово) и Гостилница кај Џек одиграа вистинско дерби кое заврши со 1:1 во регуларниот дел, но на пенали тимот од Босилово беше посигурен и победи со 2:1, обезбедувајќи пласман во полуфиналето. Мечот беше исполнет со тензија, публика и моменти за паметење.

Вистинска експлозија на голови понуди вториот четвртфинален меч – Украс ИНГ буквално го прегази ФК Дрвош со убедливи 8:2, прикажувајќи фудбалска доминација и зрелост. Тимот од Струмица е првиот полуфиналист со ваков висок резултат, најавувајќи сериозна закана за сите противници.

Младински категории – Јанг Бојс убедливо, Пица Делиција минимално

Јанг Бојс го совлада Авелино со високи 6:1, демонстрирајќи индивидуален квалитет и силна тимска хемија.

Во другото дерби, Пица Делиција со 1:0 ја победи екипата на Алу Пласт Васил, во еден тактички меч каде една шанса беше доволна за победа.

Најава за вечерва од четвртфиналето

21:30 | Еклектик – Але Дар Премиум

Тимот на Еклектик влезе во четвртфиналето со високи 7:1, но Але Дар веќе се покажа како тврд противник. Натпревар кој ветува пресвртни моменти и резултат до последна секунда.

22:30 | Freight One – Хотел Истатов

Финале пред финалето! Две од најкомплетните екипи на турнирот ќе се судрат во најочекуваниот меч од четвртфиналната рунда. Публиката веќе е загреана за вистинско фудбалско шоу.

Полуфинале во генерацина 2011/2012 ќе играат Хотел Горан Пандев против Валандово од 20 часот, а од 20:40 Термо Оранжерии Банско против Ривали.

Спортскиот терен во Чифлик Маало вечерва повторно ќе биде преполн со публика, емоции и фудбал од највисоко ниво. Се чекаат уште два полуфиналисти!

Следете ексклузивно на Спортска Мрежа, медиумски покровител на „Благој Истатов 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!