Прва лигаФудбал

ГФК Тиквеш ги претстави новите засилувања во тимот!

Сподели
Сподели

Новата управа на ГФК Тиквеш активно работи на засилувања на тимот за претстојната сезона. По официјализирањето на трансферот на искусниот Дарко Илиески тимот донесе уште неколкумиина искусни играчи.

Нови членови на „црвено-белите“ се Стефан Тасев, Христијан Стевковски и Кристијан Ацковски, тројца фудбалери кои треба да ја зголемат конкуренцијата и квалитетот во тимот.

Дваесет годишниот Тасев пристигнува во Тиквеш по своето прво интернационално искуство во бугарски Дунав Русе, додека Христијан Стевковски последно играше за Струга и се обврза на двегодишна соработка со клубот од Кавадарци, а пак дваесет и седум годишниот Кристијан Ацковски, има богато домашно искуство – настапувал за Работнички, Борец, Брегалница и Шкупи, а во минатата полусезона го носеше и дресот на романскиот Корвинул.

ГФК Тиквеш најавуваат еден нов почеток и посветеност кон создавање конкурентен тим. Новите имиња носат свежина, енергија и искуство, што може да биде клучен фактор во амбициите на клубот да се врати на старите победнички патеки и да игра значајна улога во првенството.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!