Турнири

Возбудливи дуели на турнирот во Конче – реми во дербито меѓу Фреит Оне и Фурна Марфи

Сподели
Сподели

На „Петровденскиот турнир“ во Конче продолжуваат возбудувањата во сите категории – сениори, деца, па дури и во ревијален натпревар кај дамите, каде атмосферата беше вистински празник на фудбалот.

За првпат на турнирот оваа година се одигра и ревијален женски натпревар, каде во меѓусебен дуел силите ги одмерија екипите на Серта 1 и Серта 2. Средбата заврши без победник, со резултат 5:5, а публиката уживаше во спектаклот и борбеноста на двете екипи.

Во детската конкуренција, се одигра уште еден интересен и тврд натпревар, екипата на Кристофер Киснер го доби Конче со минимални 1:0. Натпреварот беше полн со неизвесност, а победничкиот беше решен со еден гол.

Во сениорската категорија, вниманието беше насочено кон дербито за првото место во групата Д, каде се сретнаа две екипи од Радовиш, Фурна Марфи и Фреит Оне ремизираа играјќи 4:4. Меч со високо темпо и осум погодоци, кој на крај заврши без победник, но со голема неизвесност околу првото место во групата.

Во вториот меч екипата на Фреит Оне однесе висока победа од 11:3 над екипата на Валентина Промет.

Фенербахче Струмица дојде до рутинска победа од 3:0 над екипата на ФИ Промет.

Турнирот продолжува со нови натпревари секоја вечер, а финалето е закажано за 12 јули. Организатор е ФК Серта од Конче, а Спортска Мрежа останува медиумски покровител.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!