Прва лигаФудбал

ФК Пелистер го продолжи договорот со младиот дефанзивец Христијан Стојановски!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Управата на битолски Пелистер го официјализираше продолжувањето на соработката со еден од најперспективните фудбалери во клубот. Дваесетгодишниот дефанзивец Христијан Стојановски потпиша нов двегодишен договор со „зелено-белите“ и останува дел од матичниот клуб.

Со овој потег, Пелистер продолжува да го следи својот стратегиски правец – задржување и развој на најталентираните играчи од младинскиот погон. Стојановски е играч што може да покрива повеќе позиции во последната линија, а минатата сезона запиша 17 настапи и 961 минута во Првата македонска фудбалска лига.

Продолжувањето на договорот со Стојановски се надоврзува на серијата потписи со домашни фудбалери како Ристевски, Гроздановски, Миленковски, Трајковски, Наумоски и Керим – што дополнително ја зацврстува структурата на тимот за следната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!