ФудбалФутсал

Лига на шампиони во Куманово: Форца ги дозна противниците за квалификациите

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Екипата на Форца од Куманово по втор пат по ред ќе ја претставува Македонија на меѓународната сцена во УЕФА Лигата на шампиони во футсал, откако ја потврди својата доминација на домашен план и повторно се закити со двојната круна – титулата во Првата футсал лига на Македонија и Куп титула.

Под водство на тренерот Газменд Хисеини, Форца ќе биде дел од прелиминарната рунда во новата сезона од Лигата на шампиони, а оваа година дополнително признание за македонскиот шампион претставува веста дека Куманово ќе биде домаќин на еден од квалификациските турнири. Натпреварите ќе се играат од 26 до 30 август 2025 година во спортската сала во Куманово.

На денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија беа извлечени групите за прелиминарната рунда, а Форца Куманово се најде во Група А, заедно со: Ереван од Ерменија, Енкамп од Андора и С.С. Мурата од Сан Марино.

Македонскиот шампион ќе има предност поради домашен терен, што ќе биде дополнителен мотив за пласман во следната фаза. Учесниците во групата се прваци на своите национални првенства, што гарантира квалитетни и возбудливи натпревари.

Со одличната форма и силната поддршка од публиката, Форца ќе се обиде да ја оствари главната цел – пласман во главната рунда на Лигата на шампиони и да испише нова златна страница во историјата на македонскиот футсал.

„Ждрепката на прв поглед изгледа во наша корист. Главниот натпревар ќе биде со тимот од Ерменија. Нашата предност е што за првпат ќе играме во Куманово, пред нашите навивачи во спортската сала и мислам дека сепак ќе се квалификуваме за главната рунда“, изјави тренерот Хисеини.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

КупФудбал

КУП: Работнички е последниот патник во осминафиналето, откако го декласираше Вардар Неготино со ОСУМ гола

Второлигашот Работнички е последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија откако...

Втора лигаФудбал

Љабинот Муслиу е нов тренер на второлигашот Камјани

Второлигашот Камјани го назначи новиот шеф на стручниот штаб, кој ќе го...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!