Турнири

Продолжуваат пријавите за „Подареш 2025“ – награден фонд над 300.000 денари!

Сподели
Сподели

Село Подареш повторно ќе биде центарот на спортските случувања во источна Македонија! Во тек се пријавите за второто издание на големиот турнир во мал фудбал „Подареш 2025“, кој годинава носи вкупен награден фонд од над 300.000 денари.

Натпреварите ќе се играат според системот 5+1, со футсал правила, а организацијата ветува вистински спортски спектакл, исполнет со квалитетен фудбал, фер-плеј и навивачка еуфорија.

  • Парични награди за најдобрите екипи:

Прво место – 150.000 денари

Второ место – 75.000 денари

Трето место – 35.000 денари

Четврто место – 20.000 денари

  • Ќе бидат доделени и индивидуални награди по 5.000 денари за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар млад играч.

📅 Рок за пријавување: до 2 август 2025
💵 Котизација: 4.000 денари по екипа
📞 Контакт за пријави: 078/346-208 – Александар

Овој турнир го најавува своето второ, уште поголемо и поорганизирано издание, а интересот кај екипите и навивачите е огромен. Не пропуштајте да бидете дел од летниот фудбалски празник во Подареш – местото каде што се спојуваат спортот, традицијата и страста кон играта!

Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот и ќе ги следи сите натпревари со извештаи, видеа и анализи директно од теренот!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!