Турнири

Во тек е пријавувањето за традиционалниот турнир во мал фудбал „Ораовица 2025“

Сподели
Сподели

Се ближи почетокот на уште едно возбудливо издание на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2025“, а пријавувањето за учество е во полн ек! Турнирот се организира по повод големиот празник Илинден, а годинава ветува уште поголема конкуренција и спектакл на теренот.

Пријавите се отворени до 14 јули, а сите заинтересирани екипи може да се пријават со котизација од 4.000 денари. Натпреварите ќе започнат на 15 јули, додека финалето ќе се игра на 2 август.

  • Организаторите обезбедија висок награден фонд од вкупно 325.000 денари, распределен на следниов начин:

Прво место – 180.000 денари

Второ место – 85.000 денари

Трето место – 40.000 денари

Четврто место – 20.000 денари

  • Освен сениорските екипи, оваа година се отвора можност и за пионерски категории:

Родени од 2010 до 2013 година
Родени од 2014 до 2018 година

Екипите можат да се пријават на следните телефонски броеви: 078 433 987, 071 250 418 и 072 595 863.

За првпат, Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, со што се обезбедува медиумска видливост и покриеност на сите натпревари и резултати.

Организатор на турнирот е ФК Изведен, а генерален покровител е Општина Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!