Фудбалскиот клуб Големо Коњари по долги години се врати во Втората македонска фудбалска лига, откако минатата сезона го освои првото место во Трета лига – Југ. Иако беше поразен во баражот, клубот имаше среќа во ждрепката и така обезбеди влез во Втората лига.
Со новиот успех доаѓаат и нови предизвици – клубот мора да го уреди својот терен според стандардите на Втората лига за да може да ги игра домашните натпревари во своето село.
Во моментов се работи на реконструкција на теренот и инфраструктурата, а клубот упатува јавен повик до бизнис секторот од Прилеп и околината да помогне во реализацијата на оваа цел. Поддршката е од огромно значење за да се обезбедат услови што ќе овозможат ФК Големо Коњари да остане дома – пред својата публика, во своето село.
Сите заинтересирани компании и поединци кои сакаат да помогнат, можат да се јават кај претседателот на клубот, Тони Даноски, на телефонскиот број 070 646 218.